„Бујар Османи го одржуваше во живот и силно го претставуваше великосрпскиот проект ‘Отворен Балкан’. Како поранешен албански министер за надворешни работи на * Македонија тој изнесуваше политички и официјален став дека ‘идентитетот, македонскиот јазик се црвените линии како за Македонците, така и за нас, Албанците, и оти се тоа црвените линии, за кои никој нема право да преговара.“ – објави на својот фејсбук-профил Беким Ќоку, пратеник во Собранието одредовите на коалицијата Вреди.
Неговата објава ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Национале“ од Приштина. Инаку, Беким Ќоку е и политички советник за Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, како и официјален претставник за Македонија на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување), чиј лидер е Курти.