Беким Ќоку ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ. Веста за ТВ21 ја потврди самиот Ќоку, кој изјави дека наскоро за ова ќе го информираат претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Како што е познато, Ќоку стана пратеник во рамките на коалицијата ВРЕДИ како член на Самоопределување.
Пратеникот Халил Снопче моментално е координатор, но по разделбата на АА од ВРЕДИ, партијата на Таравари ќе треба да формира своја пратеничка група. Снопче изјави дека засега нема добиено никаква официјална информација од собраниските служби.
„Јас не знам какви одлуки се донесени вчера на тој состанок, имаше некои шпекулации. Во моментот кога зборуваме, јас немам официјална информација од собраниските служби дека тие 9 пратеници, од вкупно 14, поднеле барање да бидат посебна пратеничка група. Додека не добијам информација, не можам да коментирам. Сепак, ако тоа се случи, тоа автоматски значи формирање на пратеничка група од 5 пратеници на АА“, вели Снопче.