Home » Ќерката на заменик министерката за здравство ќе продава струја на ЕСМ

Ќерката на заменик министерката за здравство ќе продава струја на ЕСМ

by Журнал

Ќерката на заменик-министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева, како млад електротехнички инженер стана директор на Соле 24, новоетаблирана компанија за тргување со електрична енергија во Македонија, која истовремено редовно му продава големи количества струја и на ЕСМ.

Од минатата недела младата Тина Манолева е поставена за нов управител на компанијата, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, по што во 2022 брзо се етаблираше во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар во земјата.

Станува збор за странска компанија зад која како сопственик стои албански државјанин, а лани ова друштво се пријави меѓу првите учесници да тргува со електрична енергија на формираната берза-ден однапред

Во последните година дена Соле 24 редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија кога производството не може да ги задоволи потребите, а тоа го прави често во последно време. Државните електрани знаат месечно да потрошат и по неколку милиони евра за купување електрична енергија од приватните снабдувачи, а Соле 24 речиси постојано е еден од понудувачите на набавките заедно со трговци од типот на ЕТМТ, ГЕН-И, Футуре Енерџи, Данске Комодитис, Дуферко и други.

Пред десетина дена ќерката на заменик-министерката Манолева е основач и на фирма која првично треба да се бави со угостителство. Тина Манолева и нејзиниот брат Андон Манолев ја регистрирале „Кабранти“ со подружница СКП 5 17 што треба да претставува кафе-бар во новоотворениот Дајмонд Мол во Скопје. Партнери на ќерката и синот на Манолева се Бранкица и Катерина Тунџеви, ќерките на Борис Тунџев, долгогодишниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Маја Манолева пред една година беше назначена за заменик на министерот во Министерството за здравство а на функцијата дојде како директор на јавната здравствена установа Завод за физикална медицина и рехабилитација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More