Home » Ќерката на Новак Ѓоковиќ денеска тргна во прво одделение и слави роденден (фото)

Ќерката на Новак Ѓоковиќ денеска тргна во прво одделение и слави роденден (фото)

by Lina Muslija

Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ денеска слави роденден, но и започнува прво одделение во основно училиште.
Тара, ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ, денеска на 2 септември го слави седмиот роденден и тргнува во прво одделение.

По тој повод, мама Јелена ги сподели своите емоции на својот Инстаграм профил, истакнувајќи дека и Тара и нејзиниот брат Стефан брзо пораснале.

– Боже, колку брзо растат – напиша Јелена покрај сликата на која позира со Стефан и Тара на прошетка.

 

Инаку, Ѓоковиќ последните денови од август ги помина активно подготвувајќи се за стартот на учебната година. Стефан тргнува во четврто одделение, додека Тара годинава првпат ќе седи во училишната клупа.

Да потсетиме, Стефан Ѓоковиќ е запишан во приватна установа во Србија, која се издвојува по специфичниот пристап кон работата со деца. Јелена како посветена мајка внимателно избрала училиште за својот син, а истото го направила и за Тара.

– Избраа училиште во кое наставата не трае 45 минути, родителите активно се вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни – вели извор за Блиц.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More