Сиромаштија и болест – ова е сторијата на петчленото семејство Мемеди од скопско Студеничани. Домаќинот Џеват Мемеди откако бил удрен од кола кога бил дете, се здобил со инвалидитет. Сега тој има шипка во ногата и има проблеми со половината. Исто така, имал операција на желудникот. Само кога се чувствува добро, работи во градежништво за да врзе крај со крај. Куќата во која живеат е целосно уништена, а бидејќи подот е скапан и пропаднал поради влагата, се обидел со даски да го поправи колку што можел.
Мемеди: „Имам шипка во ногата и имам проблеми со половината. Плус сум опериран на желудник. Работам по малку во градежништво, но едвај одам. Кога се враќам дома имам силни болки, не можам да станам“.
Поради проблемот со ногата?
„Да, поради тоа што кога ме удри мене… од тука до тука ми е шипката“.
Но вие сепак продолжувате да работите во градежништво?
„Морам да работам, нема, доаѓа сметката за струја, друго, треба да ги платиме, инаку ќе не исклучат“.
„Ова овде падна, но јас ставив даски, бидејќи целосно пропадна ова. Еве и тука како што гледате“.
Бања скоро да нема, бојлер воопшто немаат, а поради страв дека подот од бањата ќе падне се случува и во текот на зимата децата да ги бањаат надвор. Кујна немаат воопшто, а Фетие садовите и во зима и во лето на балконот.
Поради недостиг на финансиски средства, Џеват често им вели на неговите деца дека еден ден ќе стане подобро, но големата ќерка која има 14 години почнала да го прашува кога?!
Бојлер немате воопшто?
„Не, не, нема ништо!“
Како се бањате?
„Со кофи веќе 16 години“.
Веќе 16 години се бањате со кофи?!
„Да, немаме ништо, немаме! Повеќе ги бања децата надвор!“
„Во текот на летото!?“
„Да, но се има случено и во текот на зимата! Таму ги бања!“
„Овде?
„Не, не, таму долу кај скалите и потоа ги качува горе! Бидејќи се плаши да не фати струја!“
„Децата ми бараат, им велам ќе биде подобро, ќе биде подобро, ме прашуваат кога!“
Семејството Мемеди има потреба од се, облека, храна и пред се топол дом.
Значи вашиот главен апел е изградба на куќата.
„Да“.
Или за стан рековте претходно.
„Да. Што има можност, само да бидам под покрив, да не се случи да ги фати струја и да ми настрадаат децата. Јас одам на работа а постојано мислам на децата. Да не пропадне подот, да не ги удри струја. На работа сум но умот ми е дома. Ако ги удри струја што ќе ми е животот, ако настрада некое од децата зошто да живеам. Залудно е да живеам“.
Сите тие кои имаат добра волја за да му помогнат на оваа семејство, можат да го направат тоа преку жиро сметката или на телефонскиот број кој го гледате на телевизискиот екран.
Број за контакт: 079 400 786
Фатие Мемеди
21050179723289
НЛБ Банка