Home » Ќе се зголемуваат ли пензиите пред избори?

Ќе се зголемуваат ли пензиите пред избори?

by Журнал

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски информираше дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.

-Веќе се добиени податоци од Завод за статистика каде што точно по формула треба да се пресметаат. Започнати се и согласно закон, според формулата ќе се пресмета покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

Tехничкиот министер нагласи дека дека засега не сака да излегува во јавноста со конкретни бројки додека не се завршат сите работи.

-Во овој момент да не зборуваме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да бидеме конкретни, да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More