Home » Ќе се зголемува ли владејачкото мнозинство?

Ќе се зголемува ли владејачкото мнозинство?

by Журнал.мк

Се ситни ли коалицијата Европски фронт откако Изет Меџити од Вреди во изјава за А2 Си ен ен посочи дека троца пратеници од нивниот политички опонент, односно коалицијата која ја предводи ДУИ можно е да преминат кај нив?

Меџити не откри имиња но посочи дека две турски партии кои се во Европскиот фронт најверојатно нема да останат наредните 4 години во опозиција. Сепак дел овие партии конкретно Движењето на Турци на Македонија писмено се огласија и демантираа

– Ние сме дел од Европскиот фронт и остануваме во Европскиот фронт. Се друго е шпекулација. Вакви разговори никогаш немало и нема потреба да се прават. Ние сме победници во нашиот фронт и волјата мора да се почитува. ВЛЕН мора да одговори на нивните националистички изјави дека нивните гласови се чисти. Што значи ова, дека нашите не се чисти? Турци, Роми, Бошњаци, да не не сме ние граѓани на оваа држава“.

Во меѓувреме продолжуваат и преписките на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ откако од партијата на Мицкоски му порачаа на Ахмети да не се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова на што пак во дописот до јавноста интегративците возвратија .

– На ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор.Демократската унија за интеграција останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

Инаку интегративците на чело со Ахмети вчера по подолго молчење од партиското седиште во Мала Речица го прекинаа постизборниот молк а нивниот лидер порача дека нема да остават ништо на случајност и дека ќе делуваат но не откри конкретни детали како . Вчера во изјава за ТВ 24 и евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира овие изјави кои доаѓаат од интегративците само посочи дека земјата на чело со идната влада мора да остане на патот кон евроинтеграциите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More