Археолошкиот локалитет Била Зора кај светиниколското село Кнежје ќе биде вклучен во проектот за негување, презентирање и атракција, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната посета на истоимениот локалитет. На денешниот настан, локалитетот беше посетен и од страна на директорот на музејот, професорот Драги Димитровски, деканот на филозовскиот факултет и градоначалникот на општината. Овој објект треба да биде признаен низ годините што предстојат истакна Љутков и додава дека истиот е од голема важност за државата.
“Ова е еден дел од серијата настани кои ќе ги реализирам во текот на наредниот период. Денес со градоначалникот на Свети Николе, директорот на музејот, професорот Драги Димитревски и деканот на филозовскиот факултет и представниците на министерството за култура сме овде во село Кнежје светиниколско на најзначајниот рано-антички град на балканот Била зора. Посебно ми е чест што ум овде бидејќи ова е многу значаен археолошки град. Покрај за Македонија, тој е значаен за балканот и Европа, како огромен културен иториски материјал, кои што треба да биде признаен во годините што предстојат“, истакна Љутков
Во следиот период ќе се зголемат средствата за археолошките истражувања истака министерот на денешната средба и додава дека ќе има проблем со дел од ископувањата, бидејќи некој од нив се наогаат на приватно земјиште.
Бидејќи како што знаете ние сме преименуваме како министерство за култура и туризам, така што ние освен што ќе го негуваме културното наследство, ќе продолжиме да го презентираме и како туристички атракции за потребите на туристите. Овој град е многу значаен од друга страна затоа што се наоѓа на патот меѓу две патски решенија, бидејќи има асвалтиран пат до Била зора. Како одговорна влада и одговорно министерство можам да ветам дека во наредниот период ќе ги зголемиме средствата во одреден износ за оваа година. Ќе ги зголемиме средствата за археолошки истражувања и во наредниот период. Овде ќе има и проблем со дел од ископувањата, бидејќи се наоѓаат на приватно земјиште и ќе работиме на случајот.“,додава Љутков
Според археолозите ова е град кој опстојувал од 7-миот до 2 век пред нашата ера. Според наодите кои што можат да се видат, станува збор за античка македонска метропола која се простира на поголема површина од која содржи со влезни порти со големи димензии и столбови карактеристични исклучиво за овој период, светилиште и ѕидови со фрески.