Home » Ќе се проверуваат над 100 локали во Карпош, ќе мора да имаат и елаборат за заштита од пожар

Ќе се проверуваат над 100 локали во Карпош, ќе мора да имаат и елаборат за заштита од пожар

by Журнал.мк

Инспекторатот на Општина Карпош започна проширена контрола на угостителските објекти во регионот. Сопствениците на локали коишто се ангажирани во подготовка и послужување храна и пијалоци, како и кафе барови, се повикани да бидат подготвени да ги покажат сите потребни документи при инспекциската проверка.

Контролите ќе се одвиваат во повеќе од 100 локали во Карпош, а инспекторите ќе проверуваат документи како: одобрение за вршење на дејност, елаборат за поставување урбана опрема, елаборат за заштита на животната средина, имотен лист за деловниот објект, елаборат за заштита од пожари, и лична карта на одговорното лице. Документите треба да бидат подготвени и достапни за инспекциската постапка во фотокопија.

За сите утврдени неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоците во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог. Последната слична контрола беше спроведена во 2024 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk