Home » Ќе се откријат лаги, манипулации и тајни зделки, најавува Вреди

Ќе се откријат лаги, манипулации и тајни зделки, најавува Вреди

by Журнал.мк

Вреди нема да молчи, го повикуваме Али Ахмети да каже какви пазарења направи со Никола Груевски и што се обидува да сокрие од Албанците, порача коалицијата.

Коалицијата Вреди го повикува претседателот на ДУИ Али Ахмети да не молчи туку да одговори кој бил неговиот интерес кога лани во март на средба кај поранешниот претседател Стево Пендаровски со тогашниот државен врв договарал враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Молчат! Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вие, кому Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ!“, соопшти владејаќката коалиција Вреди.

За враќање на Груевски и за амнестија, се додава во соопштението, беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери.

НА ТАЈНА, НО СНИМЕНА СРЕДБА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ СЕ ДОГОВАРАЛО ВРАЌАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ Блерим Беџети ја снимал заверата помеѓу експретседателот, Ковачевски, Маричиќ, Ахмети, Груби и Османи, обвини Вреди
„Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори. Вреди нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?“, прашува Вреди.

Правдата доаѓа, а вашите игри завршија, порачува коалицијата.

„Албанскиот народ повеќе нема да се манипулира. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат. Дојде време за одговорност!“, се вели во соопштението.

И вчера на прес-конференција Дритон Суљејмани од Вреди повтори дека за враќање на поранешниот премиер Груевски лани во март во Вила Водно се сретнале експретседателот Стево Пендаровски, експремиерот Димитар Ковачевски, како и Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби и Бујар Османи.

– На таа средба Ахмети нагласил дека истиот може да се врати на два начини – преку помилување од претседателот на државата или преку нивните луѓе во судовите, како што рекол Ахмети. Сега се обидуваат да го покријат нивниот неуспешен план, но ние ќе зборуваме гласно додека секој граѓанин, каде и да живее, не ја разбира горчливата вистина што се крие зад амблемот на оваа партија – рече Суљејмани.

Тој додаде дека Ахмети и ДУИ за да го спроведат планот за ослободување на Груевски вршеа силен притисок врз Врховниот суд, но наидоа на отпоро од претседателката Беса Адеми, против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување.

– Вреди веќе два дена јавно го прашува ДУИ и Али Ахмети зошто сета ова носталгија за Никола? Али не молчи. Излези и кажи им на Албанците какви случаи си планирал да монтираш заедно со Груевски – рече Суљејмани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk