Home » Ќе се градат уште две градинки во Општина Босилово

Ќе се градат уште две градинки во Општина Босилово

by Журнал.мк

Втора фаза опфаќа изработка на градежни проекти според кои овие објекти ќе бидат реконструирани и адаптирани во градинки по сите стандарди на министерството, а трета фаза е градење и пуштање во функција, објави градоначалникот Манчев.

Две села во Општина Босилово ќе добијат градинки, односно старото училиште во Иловица и Центарот за млади во Радово ќе бидат пренаменети во детски градинки, објави градоначалникот Ристо Манчев.

Тој информираше дека Општината аплицирала и ја поминала првата фаза од проектот.

-Втора фаза опфаќа изработка на градежни проекти според кои овие објекти ќе бидат реконструирани и адаптирани во градинки по сите стандарди на министерството, а трета фаза е градење и пуштање во функција. Заради транспарентност ги информираме граѓаните дека до финално пуштање на објектите во функција, процесот се очекува да трае од 12 до 18 месеци. Она што е најважно, знаеме каде се движиме, знаеме што сакаме да постигнеме за една година од сега, објави градоначалникот Манчев.

Според него, за 12 до 18 месеци Општина Босилово ќе има четири градинки во Босилово, Моноспитово, Иловица и Радово. Додава дека паралелно со овие процеси, локалната самоуправа е во постојана комуникација со надлежното министерство за забрзување на процесот за полагање и издавање на лиценци, со што ќе се обезбеди потребниот кадар за нормално функционирање на градинката во Моноспитово и во другите населени места.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk