Home » Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност

by Журнал

Граѓаните за оваа мерка ќе можат да аплицираат од утре, 1 февруари 2024 година. Ќе важи условот прв дојден – прв услужен, рече министерот Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше за мерката која ќе се спроведува од страна на Министерството за економија која предвидува доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и да се заштеди електрична енергија.

За оваа мерка за 2024 година предвидени се 4,1 милиони евра за над 7.000 ваучери за инвертер клима уреди за што ќе бидат објавени јавни повици.

Граѓаните за оваа мерка ќе можат да аплицираат од утре, 1 февруари 2024 година.

„Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари) ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ. Вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари буџетски средства (73 илјади евра)“, информираше министерот Бектеши.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југозападниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра).

„Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на останатата територија на Република Северна Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени исто така вкупно 110 милиони денари (1,78 милиони евра)“, кажа министерот Бектеши.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More