Home » Ќе реферираат за македонско-бугарските средби: Османи во Скопје, Петков во Софија

Ќе реферираат за македонско-бугарските средби: Османи во Скопје, Петков во Софија

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во собраниската комисија за надворешна политика ќе образложува за одговорите кои Македонија ги испрати на т.н 5+1 прашања. Овие прашања предизвикуваат страв кај Македонците знаејќи ги барањата на Бугарија поврзани со нашиот идентитет и јазик. Стравот дополнително е предизвикан од вчерашниот настап на Османи каде рече дека тој не бега од ниедна тема и оти за се е подготвен да разговара.

Исто така рече дека спорот со Бугарија ќе се решава во еден пакет и оти тоа ќе ги отвори вратите за почеток на преговорите но оти нема гаранции дека Бугарите или која друга членка нема пак да не блокира во текот на преговорите.

Денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде тврдат дека се кријат клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија и оти власта се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет,

Да беше се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија. Замислете за вакво значајно прашање, јавноста во Македонија дозна од институциите во Бугарија. Дури после тоа дознавме од страна на Артан Груби дека овие одговорите биле удобни за бугарската страна, како божем нашите функционери да добиваат плата да ги задоволуваат потребите на Бугарија.

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика е закажана во 11:30.

И бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе реферира пред пратениците во Народното собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средбата на владите на двете земји што се одржа во Софија.

Како што јави БГНЕС, реферирањето на Петков ќе се одржи на барање на најголемата опозициска партија, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на собраниското пленарно заседание закажано за денеска.

На 25 јануари во Софија се одржа заедничка средба меѓу Владата на Бугарија и РСМ.

Премиерот Петков рече дека отворениот дијалог ќе го замени говорот на омраза и добрососедството ќе биде ставено на пиедестал.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More