Home » „Ќе продолжам да го истражувам македонскиот фолклор“: Награда за трајни вредности на Андријана Јаневска (фото)

„Ќе продолжам да го истражувам македонскиот фолклор“: Награда за трајни вредности на Андријана Јаневска (фото)

by Lina Muslija

Македонската поп-пејачката, виолинистка и педагог Андријана Јаневска на својот Инстаграм профил  објави дека и била доделена наградата за трајни вредности именувана по македонскиот писателски горостас Бошко Смаќоски.

Таа е горда  за овој прекрасен гест и со задоволство ги извести своите фанови дека ова за неа пред се претставува поттик за да продолжи понатаму.

– Вчеравечер на “Модричко кафе” во Битола ми беше доделена наградата за трајни вредности именувана по македонскиот писателски горостас Бошко Смаќоски.
Сакам да ја изразам мојата благодарност до организаторите за овој прекрасен гест. Со радост ја примив наградата која претставува поттик да продолжам да го истражувам македонскиот фолклор – стоеше во објавата која ја сподели на социјалната мрежа каде што е редовно активна.

 

 

Јаневска освен  што пее, работи како виолинист , свири пијано и бас гитара, а за  нејзините музички квалитети говорат наградите кои ги добива, како кај нас така и од другите земји.

Нејзините успеси не престануваат да се редат бидејќи за неа се само мотивација.

Пејачката минатата есен ја сподели веста  дека  ја одбранила својата докторска дисертација на тема:  Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа Голо брдо и Гора“ и стана доктор на науки, нешто што долго време  го подготвуваше и во него вложуваше голем и труд.

Сепак таа не застанува тука туку продолжува да го истражува македонскиот фолклор, а успесите продолжуваат да се редат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk