Home » Ќе паднат ли дел од трошоците за унгарскиот заем за компаниите на грбот на граѓаните, премиерот и банкарите не се договорија за каматата

Ќе паднат ли дел од трошоците за унгарскиот заем за компаниите на грбот на граѓаните, премиерот и банкарите не се договорија за каматата

by Журнал.мк

Дали граѓаните ќе плаќаат дополнителни пари на веќе утврдената камата од 3,25% за унгарскиот заем- Владата и банките дополнително ќе преговараат. Денешната прва средба помеѓу Премиерот и македонската банкарска асоцијација заврши без договор.

Мицкоски не сакаше да каже колкав е процентот што го бараат банките, вели дека следната недела повторно ќе седнат на заедничка маса и до крајот на следната недела очекува конкретен договор.

„Тие 3,25% секако Владата ќе ги плати, можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме ќе го вратиме овој кредит или други механизми, целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска за да може стопанството да добие пониска камата, сега реално имаат трошоци банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намалат, затоа велам да не зборуваме се уште за проценти да ги доближиме ставовите и тогаш ќе излеземе официјално со позиција“…

Во делот пак на рокот за враќање на парите од кредитот, Премиерот тврди договор има. Во зависност од барањето на клиентите ќе се користи формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата…

„Да речеме клиентот сака две години грејс период и пет години отплата значи седум години може да се понуди, затоа ќе ја користиме формулацијата до три години и до петнаесет, има клиенти коишто сакаат пократок рок да имаат и побрзо да го вратат кредитот“…

Банките не дадоа изјава за медиумите, а според информациите на тв 24 имало неколку несогласувања во однос на тоа што им било понудено од страна на Владата.

Дел од економистите не се изненадени од тоа што нема договор со банките, затоа што банките работат за провизии, но и ризикот на плаќање останува кај нив. Универзитетскиот професор Абил Бауш не ја исклучува и можноста трошоците за кредитот да паднат врз граѓаните.

„На крајот на денот ќе треба се да субвенционираме ние, но тоа ќе треба многу добро да се размисли на кои компании ќе се дадат тие средства, за да не испадне дека финансираме проекти на кои што не само што ќе треба да им плаќаме камтни стапки и провизии и се останато туку ќе треба и тие кредити кои ако некои од компаниите не работат како што треба ќе треба и нив да ги враќаме, што значи да има некоја економска додадена вредност од кредитот на кој што би го дале на компании“…

Заемот наиде на критики од опозицијата, која се сомнева дека каматите ќе ги плаќаат граѓаните, а парите ќе ги добијат фирми блиски до власта.

Владата позајми 500 милиони евра од Унгарија. Од нив една половина односно 250 милиони евра се планирани за стопанството, а другата половина за проекти на општините.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk