До крајот на месец мај има само еден државен празник, но тој се паѓа во текот на викендот.
На сабота, 24 мај, се одбележува Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј. Бидејќи овој ден оваа година се паѓа во сабота, нема дополнителен неработен ден за сите граѓани.
Посебни неработни денови:
23 мај (четврток) – Национален ден на Власите: неработен ден само за припадниците на влашката заедница во Македонија.
6 јуни (петок) – неработен ден за две групи на верници:
За православните верници, овој ден е неработен по повод Духовден, односно петокот пред празникот.
За граѓаните со муслиманска вероисповед, 6 јуни е неработен како прв ден на Курбан Бајрам.