15
Се во Минхен денеска ќе биде во знакот Томас Милер кој ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Баерн каде што ја помина целата своја кариера.
Се во Минхен денеска ќе биде во знакот Томас Милер кој ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Баерн каде што ја помина целата своја кариера.
Баерн оваа сезона повторно се врати на тронот во Бундеслигата, откако минатата сезона се радуваше Баер Леверкузен. Токму затоа, денешниот дуел против Борусија Менхенгладбах ќе има посебна емоционална тежина, целосно ќе биде во чест на Милер, една од најголемите легенди во историјата на германскиот фудбал.
Натпреварот ќе има посебно значење бидејќи ќе биде 750-ти официјален настап на Милер во Бундеслигата, бројка со која ниту еден друг германски фудбалер не може да се пофали.
Милер дебитираше за првиот тим на Баерн во 2009 година под водство на Луј ван Гал. Оттогаш, стана незаменлив дел од најуспешната генерација на клубот, освојувајќи вкупно 13 шампионски титули, две Лиги на шампиони, шест национални купа, осум германски Суперкупа, како и по две титули во европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.
Во дресот на Баерн постигна 248 голови и забележа неверојатни 274 асистенции, бројки што сведочат за неговата извонредна конзистентност и влијание врз играта низ годините. Според најавите Милер ќе продолжи во американската МЛС лига.
@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk