Home » Ќе има ли учебници за сите од први септември?

Ќе има ли учебници за сите од први септември?

by Журнал.мк

Учениците во недоумица, на кого да веруваат, на министерството или на министерот. МОН испрати соопштение во кое се вели дека „во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година“.

Министерот Шаќири, пак, не може со сигурност да каже дека тоа ќе се случи, но не губи надеж дека процесот ќе заврши на време.

„Дали ова практично значи дека сите ученици ќе ја почнат новата учебна година со учебници?“

„Целосно не можам да кажам сите учебници. Но, најголемиот дел. Значи сите учебници кои се одобрени ќе се доставуваат. Учебниците од седмо одделение се очекува во наредниот период до крајот на овој месец и другиот месец да се одобруваат од националната комисија за се да биде комплет на први септември“ – Јетон Шаќири, министер за образование и наука

„Кои предмети се ризични, рековте еден или два?“

„На пример, предметот историја и општество каде треба треба да се пријавуваат рецензенти“ – Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Од комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ велат одговорноста за учебниците за оваа година е само на сегашната власт.

„Новата влада која ќе дојде при крајот на јуни или почетокот на јули, на власт, нема да има никакви можности да спроведува некакви акции во однос на учебниците. Целата јавност знае дека имаме проблеми и со авторите и со рецензентите. Автори кои велат дека Бугарија е на запад, Албанија на исток, автори кои велат дека Монт Еверест е илјадници километри висок се проблем“ – Весна Јаневска, ВМРО-ДПМНЕ

Проблемот со доцнењето на учебници стана традиција. Веќе неколку години дел од учениците ја почнуваат учебната година без книги, а дел од тие што ги имаат се стари и парталави.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More