Се усвои на Влада предлогот што го изготви Правда за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Откако ќе завршат владините прцедури истиот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.
Според информациите од предлогот каде пишува дека Коцевски неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон ќе бара ли Владата и кривична одговорност.
Премиерот Мицкоски за ова без концизен одговор но вели дека понатаму за се што следува ќе се повикуваат на Уставот.
Претходно во текот на денот не мируваа и партиите со своите обвиненија кој е крив за состојбата за правосудниот систем. СДСМ е на ставот дека се за реформи во судството, но тоа што се гледало од терен според нив е груба партизација.
Од претходната седница на советот на јавни обвинители Коцевски демантираше дека незаконски имал постапувано, за одлуката остава на политичарите додека пак дали законски или незаконски би бил разрешен остава да оцени јавноста и граѓаните.