Министерот за одбрана Владо Мисајловски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека не стравува од евентуална реконструкција на Владата, која се шпекулира дека би можела да се случи пред Нова година.
ТВ21: Се шпекулира дека пред Нова Година би можело да има реконструкција на Владата. Стравувате ли дека вие ќе бидете „зафатени“ од таа реконструкција?
Мисајловски: Не, не стравувам. Јас сум тука и ќе бидам уште долго тука.