8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Ќучук и Бучковски: Ѕидовите немаат место меѓу соседските држави

Најчитани вести

Европратеникот од ДПС/Обнови Европа Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Македонија и специјалниот пратеник на Владата на Македонија, Владо Бучковски, на денешната средба во Софија размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Македонија и е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција, објави 24 часа.

-Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство. Само преку неа можеме да изградиме долгорочно разбирање и пријателство. Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни, образовни и културни проекти што ги поврзуваат двете земји. Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи, смета тој.

Европратеникот Ќучук го уверил Бучковски дека, како постојан известувач на Европскиот парламент, тој ќе продолжи да работи за создавање план за соработка меѓу двете земји, кој ќе има конкретни цели и програма за надминување на отворените билатерални прашања, што ќе овозможи официјално да започнат преговори за пристапување во ЕУ.

Двајцата се согласиле и околу идејата за создавање заеднички медиумски проекти кои ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика.

-Бидејќи сме најблиски, многу малку знаеме за другиот. Многу често се расправаме за работи што се во минатото, но во исто време се предмет на шпекулации од страна на медиумите. Затоа, создавањето заеднички медиумски проекти, што ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика, ќе биде од фундаментално значење за надминување на нашите разлики, изјавил Ќучук по средбата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести