Home » Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност

Ќучук: Европската интеграција на Западен Балкан се претвори во прашање на безбедност

by Журнал.мк

Темата за европската интеграција на Западен Балкан доби друга димензија и стана прашање на безбедност, рече европратеникот и копретседател на Европските либерали АЛДЕ Илхан Ќучук за време на состанокот на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, на кој политичари и експерти разговараат за чекорите кон зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според европратеникот Илхан Ќучук, Европската унија мора да и додели на Украина статус на кандидат за ЕУ уште во јуни оваа година. Тој посочи дека и денес слуша скептични гласови кои велат – Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ и никогаш нема да добие кандидатски статус.

Во време кога ЕУ е обединета, мора да се направи најсилниот и најголемиот чекор за нејзините вредности, а тоа е да ѝ се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ во јуни, рече тој и додаде дека очекува европските институции и пред сè, за Советот на ЕУ, да бидат на висината на својата одговорност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More