18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Ќе штрајкуваат вработените во Управата за матични книги: Нема вадење документи

Најчитани вести

Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на Управата за матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк.

Деталите за штрајкот и последиците, од КСОМ ќе ги соопштат денеска напладне.

-Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад две недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, велат од КСОМ.

Оттаму посочуваат дека во случај на подолго времетраење на штрајкот огромниот број на граѓани на државата од дијаспората кои вообичаено доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват своите лични документи, а задолжително претходно од управата за матични книги вадеа бројни документи , оваа година е можно да не можат да ги обноват поради најавениот штрајк.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com