4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Ќе утврди ли Комисијата чиј е Гоце Делчев?

Најчитани вести

Доколку мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски прашања продолжи да инсистира во нејзината работа да се утврди и да се напише на документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, нема да имаме решение, изјави членот на македонската Комисија, Драги Георгиев за Бугарската национална телевизија.

„Гоце Делчев е многу чувствителна тема и да се одговори на тоа дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец и да се бара тоа од нашата комисија, јас сметам дека е апсолутно не упатно. Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев“, изјави Георгиев.

Бугарскиот член на Комисијата, Ангел Димитров гостувајќи на истата телевизија меѓутоа потенцира дека смета оти Комисијата треба да утврди што бил Гоце Делчев.

„Ако не се знае што е човекот, нема да можеме точно да го определиме неговото дело. Освен тоа нема што ние да кажуваме. Гоце Делчев сам кажал што е, тоа го кажале неговото семејство, неговите другари и соборци. Тие јасно кажале што се“, истакна Димитров.

Гоце Делчев е тема на денешната средба на Комисијата. Вчера разговарлае за средновековната историја и периодот на Османлиската Империја и за учебниците по историја, но не е постигнат напредок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com