19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Ќе успее ли сега? Летечкиот човек во втор обид да го прелета Ламанш

Најчитани вести

Некогашниот светски шампион на воден скутер, Французинот Френки Запата, повторно ќе се обиде да го прелета Ламанш со направата која е негов изум, “Flyboard”, по минатонеделниот неуспех.

Сопругата на Запата, Кристел, рекла дека тој во недела ќе се обиде да прелета 36 километри, од Сангат во Франција до Довер во Англија. 

Минатата недела, при првиот обид, Запата паднал во морето кога требало да се спушти на брод и да го наполни резервоарот на своето летало по 20 километри лет.

Неговата сопруга рекла дека овој пат за гориво ќе користи поголем брод за полесно да слета.

Тој морал да направи нова, прилагодена верзија на “флајбордот”. Таа направа ја продава неговата неговата компанија за водени спортови. Се полни со керозин од ранецот кој се носи на грб, а стапалата се прицврстени на леталото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com