7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Ќе се снима продолжение на култниот југословенски хорор-филм „Пеперутка“

Најчитани вести

Српскиот режисер Ѓорѓе Кадијевиќ откри дека ќе се снима продолжение на култниот југословенски хорор филм „Пеперутка“ од 1973 година. Тој беше режисер и сценарист и на оригиналниот филм, кој пред 50 години е снимен според расказ на српскиот писател Милован Глишиќ.

„Новиот филм не е римејк во вистинска смисла на зборот, туку основната идеја е дека сите нас, а особено на Балканот, низ историјата нè следи едно големо проклетство“, рече Кадијевиќ на прес конференцијата на која го најави снимањето на филмот.

Тој откри дека новиот филм ќе се вика „Клетва“, а снимањето ќе почне околу Нова година во копродукција на Србија и Хрватска.

„Пеперутка“ е еден од ретките хорор филмови снимени во југословенската кинематографија и крена голема прашина во јавноста кога излезе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести