24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Ќе се вештачат мобилните на градоначалникот Дудуш и на возачот кој наводно го измачувал

Најчитани вести

Мобилниот телефон на градоначалникот Курто Дудуш, но и на неговиот возач, кој наводно го тепал, ќе бидат одземени и ќе се вештачат, информира обвинителството, додавајќи дека работат на расчистување на случајот откако во јавноста се објави аудио снимка, според која наводно градоначалникот напаѓа човек.
-Основното јавно обвинителство Скопје денеска доби писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“.

Веднаш по приемот на писменото известување надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали.

Истовремено, до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.

Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности.

По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела, информираат од Обвинителството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести