Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, вчера попладне одржа седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев. На седницата, членовите на Комитетот се информирале за статусот и напредокот на реформите на безбедносните служби.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, информирал за интензитетот на активностите и системските решенија преземени за структуирање на новоформираната Агенција (АНБ), следејќи ги критериумите и стандардите на Северноатлантската алијанса.
Во рамки на денешната седница, како што соопшти владината прес-служба, беа разгледани и начините за воспоставување на безбедносна комуникација со НАТО и беа разгледани можности за обезбедување просторно решение за постојаната мисија на нашата земја како полноправна членка на НАТО.
На седницата, членовите на Комитетот разговарале и за одделни прашања кои се однесуваат на остварување на дадената рамка за продолжување на домашните реформи, како и за текот на досегашната ратификација на Протоколот за членство од страна на земјите-членки.