-1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Ќе им се најде ли работа на сите вработени по рамковен?

Најчитани вести

Ова прашање се отвори во јавноста по објавените податоци за тоа колкав и каков кадар ќе добијат некои од институциите. Кај некои приливот на нововработени ќе биде минимален, но во некои напливот на нови кадри ќе се зголеми за дури над 100%. Таков е случајот со Агенцијата за заштита на лични податоци, во која ќе треба да се сместат 30 нови кадри, на сегашните 24. Во Државното правобранителство пак, ќе се приклучат нови 76, на актуелните 106 вработени или преку 70% нововработени.

Во јавноста веќе дел од диртекторите се пожалија дека не биле консултурани и дека не се задоволни од профилот на кадрите.. Таков е случајот со првиот човек на Државниот пазаерен инспекторат Стојко Пауновски, чија инситуција ќе добие 25 нови вработени.. Вчера вицепремиерот Груби кажа дека самите институциите се должни да ги обучат…

„Органите на државната администрација во кој ќе бидат распределени административците, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.“ истакна Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем.

Според планот, до крајот на месецот 1.349 вработени по Рамковен, по повеќе години дома, ќе треба да почнат да одат на работа.

ЌЕ ДОБИЈАТ// ВРАБОТЕНИ ВКУПНО:

Министерство за внатрешни работи 143 12 115

Управа за јавни приходи 92 1 119

Царинска управа 74 1 165

Државно правобранителство 74 106

Управа за водење матични книги 41 517

Министерство за надворешни работи 26 451

Државен пазарен инспекторат 25 271

Агенцијата за заштита за лични податоци 30 24

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести