7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

ЌЕ ИМАМЕ И ДО 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ЧЕТВРТИОВ БРАН Д-р Беќаровски бара јасни протоколи за лекување

Најчитани вести

Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за дневникот на ТВ Сител рече дека четвртиот бран на короната, ќе биде побурен, но помалку ќе трае.

– Ќе имаме до крај 2.000 новозаразени на дневно ниво, но ако имаме толку детектирани, вистинските бројки се 6.000 заразени. Ни се случува голема смртност, ја надминуваме горната граница – вели докторот.

Тој зборуваше и за лекувањето на пациентите.

Според него, новиот сој на вирусот почесто започнува со симптоми, како пролив и течна столица

– Наместо пробиотици, ние даваме антибиотици. Кога ќе се качи температурата на 37,1, сите веднаш даваат парацетамоли, аспирини, кетонали. Треба да оставиме малку организмот сам да се бори. Сепак одиме со погрешна стратегија. Луѓето не се виновни, тие се исплашени, се зема што треба и не треба. Мора да имаме јасни протоколи – појаснува Беќаровски.

Тој вели дека стануваме земја со повеќе коморбидитети, кои се поизразени од другите земји.

– Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина, ако зборуваме за коморбидитет дебелина. Таа со себе носи дијабетис и хипертензија – додава Беќаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com