-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Ќе започне ли употребата на биоразградливите кеси од 15 денари од среда?

Најчитани вести

Според последните измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување во Македонија од идната недела се забранува употребата на пластичните кеси.

На пазарот ќе треба да се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Со овој закон од 1 декември трговците ќе треба да водат евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси, која треба да ја доставуваат до стручен орган на Министерството за животна средина.

Но дали производителите се подготвени за оваа промена или се очекува да настане хаос од први декември? Тие како најдобро решение предлагаат одложување на овој закон до влезот на земјата во Европската Унија.

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ

-За жал производителите воопшто не се подготвени за производство на биоразградливи кеси бидејќи законот излезе во сужбен весник на 16/9/2021 а треба да почне примена од 01/12/2021 година, без известување, консултација и работни групи од страна на прозиводителите на пластични кеси, велат за „Фокус“ од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Од групацијата за „Фокус“ појаснуваат дека во моментот пластичните кеси се полиетиленски и оксо-биоразградливи и е потребен подолг временски период за набавка на биоразградлив материјал и адаптација на производствените капацитети за производство на биоразградливи кеси.

Во ниедна Европска земја нема имплементација на ваков ризгорозен закон, дека сите кеси треба да бидат биоразградливи , како што е донесен во нашата земја, додаваат од Групацијата.

ЗОШТО ЦЕНАТА НА БИОРАЗГРАДЛИВИТЕ КЕСИ Е ТОЛКУ ВИСОКА?

-Во однос за цената која ја плаќаат крајните корисници за биораградливите кеси сметаме дека моменталната економска состојба не дозволува нејзино покачување на 15 денари, бидејќи тоа значително би ја отежнала деловната активност на деловните субјекти и негативно ќе влијае врз животниот стандард на крајните купувачи, велат од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија

Според нив нема потреба сите кеси да бидат биоразградливи, бидејќи тој материјал тешко може да се обезбеди и нема доволно производство на светско ниво. Од друга страна треба да се произведуваат подебели полиетиленски кеси и да се потикнат граѓаните да ги користат повеќекратно.

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ВАЖНА НО ТРЕБА СИСТЕМСКИ ПРИСТАП

Заштитата на животната средина е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење на одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите решенија, велат од Групацијата.

Според нив ова не е вистинско решение бидејќи во РСМ не се создадени услови за селекција на отпадот и не се поставени пунктови за секелтирање на отпадот.

Нашите очекувања се дека ќе се создаде голем хаос во маркетите, затварање на повеќе од 30 фабрики за производство на пластични кеси и отпуштање на 600 вработени. Повеќето од овие фирми успешно работат повеќе од 25-30 години и допринесуваат за македоснката економија, додаваат од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија. .

КАКВИ РЕГУЛАТИВИ ИМААТ СОСЕДИТЕ

Европската Директива 94/62/Е3 – ЕУ Директива од 2015 година се однесува на намалување на потрошувачката на тенките пластични кеси , но не и на нивна забрана. Во однос на законите во ЕУ и во нашето соседство би сакале да додадеме дека во ниедна од соседните земји , со Закон не е регулирано дека сите кеси треба да бидат биоразградливи, како кај нас, велат од Групацијата.

Според важечкиот Правилник во соседна Србија пластичните кеси може да бидат оксобиоразградливи, категоризирани по дебелина и сите пластични кеси се изработени од ПЕ ( висока или ниска густина) со додаден адитив за оксобиоразградливост и истите се наплатуваат според големината и дебелината, по пазарна цена.

Во Бугарија е донесен закон каде се пуштаат во промет полиетиленски кеси и се наплатува такса за кеси чија дебелина е под 25 микрони, и не се наплатува такса за кеси над 25 микрони за повеќекратна употреба и доколку се произведува биоразградлива кеса. Пластичните кеси се продаваат по пазарна цена.

Во соседна Грција до 2018 година пластичните полиетиленски кеси биле бесплатни а од 2018 година истите започнуваат да се наплатуваа 0,04 центи по парче, а во 2019 година цената е зголемена на 0,09 центи. Кесите од биоразградлив материјал во првите две години биле субвенционирани од страна на државата.

Дополнително, во Германија донесен е закон во 2015 година со кој на производителите им се остава рок од 7 (седум) години за адаптација и пренамена на своето деловно работење, а започнувајќи од 2022 година се забранува продажба на пластични кеси со дебелина од 15 микрони до 49 микрони. Пластичните кеси под 15 микрони и над 50 микрони не се забранети и тие слободно се пуштаат во промет без дополнителни ограничувања, со напомена дека не треба да бидат биоразградливи, дополнуваат од Групацијата.

ЗАКОНОТ ДА СЕ ОДЛОЖИ ДО ВЛЕЗОТ НА ЗЕМЈАВА ВО ЕУ

Главната цел е да се намали продажбата по глава на жител, сукцесивно и да се потикне свеста за повеќенаменско користење на истата, а не да се забранувапродажбата на пластични кеси. Пластичните кеси се околу 1% од вкупниот пластичен отпад, велат тие.

Од Групацијата додаваат дека Компаниите веќе се соочуваат со сериозни проблеми при работењето бидејќи голем дел од нарачките се откажуваат од страна на нивните купувачи.

Според нив во време на пандемија и светска криза се носат закони кои негативно ќе се одразат на еконијата , бидејќи комплетно се затвара една цела индустриска гранка а со тоа државата ќе изгиби големи приходи од оваа индустриска гранка.

Во изминатиов период овие претпријатија имаат направено значајни инвестиции за набавка на опрема односно машини за производство на полиетиленски кеси за кои имаат земено долгорочни кредити на повеќе од 5 (пет) години, и со примена на овој закон таа опрема нема да може да ја користат или ќе треба дополнително да инвестираат за да ја адаптираат, а тоа негативно би влијаело на нивното тековно работење, велат тие.

Од Групацијата бараат Законот да се одложи до влез на Европска Унија, а тие како производители на пластични кеси ќе имаат време за прилагодување и адаптација за производство на биоразградливи кеси.

-Воедно државата треба да размислува да го стимулира домашното производство , субвенции за рециклирање на отпад , субвенции за биоразградливи кеси и слично , при увоз да се наплаќа царина на сите полиетиленски вреќи за отпад, полиетиленски кеси бидејќи сметаме дека треба да се заштитат домашните прозиводители, додаваат од групацијата.

ЗАБРАНАТА ПОСТОИ ОД 2012 ГОДИНА

Освен ова, со измените пропишана е и забрана за употреба на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во земјава.

Ваква забрана веќе постои уште од 2012 година, но тогаш оваа законска забрана беше поништена со правилник за стандардите за биоразградивост, со што едноставно законските одредби се бајпасирани со некои одредби од правилник за тоа што се смета за биоразградливо, а што не. Оттука и сомневањата на граѓаните и на еколошките организации дека овојпат ова навистина и ќе се примени.

Овој правилник тогаш беше донесен од Министерството за животна средина, истото министерство кое сега ќе треба да ги спроведе новите измени во законите за управување со пакување и отпад од пакување.

Од 3 јули во сите држави членки на ЕУ веќе стапи на сила забрана на 10 вида еднократна пластика, како и забрана на целата оксоразградлива пластика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com