33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Ќе ги омекне ли позициите на Софија заедничкото чествување на Свети Кирил и Методиј?

Најчитани вести

Ќе се вратат ли претседателите Пендаровски и Радев со позитивен моментум за надминување на отворените македонско бугарски прашања од заедничкото патување во Рим.

Двајцата претседатели следната среда заедно со авионот на Радев ќе заминат на заедничкото чествување на Светите Кирил и Методија. Според агендата, како што соопштија од Вила Водно, шефот на бугарската држава најпрво ќе пристигне во Скопје каде на аеродромот ќе оствари средба со својот македонски колега. По ова, заедно група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим.

Заедничкиот пат за Рим доаѓа во момент кога македонската страна се надева дека дури и за време на техничката Влада во Софија можен е пробив во насока на отстранување на бугарската блокада на преговарачкиот процес на Европската Унија со Македонија. Вицепремиерот Никола Димитров вели има контакти со официјална Софија, но она од што најмногу се очекува е офанзивата најавена од португалското претседателство кое си зеде за задача да ја заврши работата на германското и Македонија во следните неколку месеци да го добие датум за преговори.

„Има извесни контакти на различни нивоа. Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа треба да знае јавноста дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство..-Точно е дека е предизвик техничката Влада, но потоа има едни избори, кај нас, други избори кај соседите, трети избори во големи земји-членки. Многу е важно да има пробив, многу е важно и за ЕУ да се одржи довербата дека ЕУ е сериозна кога зборува дека ние ќе бидеме дел од Европа“ ,вели Димитров.

Димитров не откри повеќе детали и околу идеите на грчкиот премиерот Кирјакос Мицотакис за надминување на спорот со Бугарија кои што мината недела ги презентирал пред премиерот Зоран Заев на средбата во Атина.

Инаку, Пендаровски и Радев на 27 мај во Рим заедно ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре. Според програмата македонската делегација, предводена од Пендаровски и бугарската, предводена од Радев ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск. Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести