17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Ќе биде вистински ѕвер: Го „фатија“ изгледот на новата Toyota Land Cruiser

Најчитани вести

По повеќе од 13 години, Toyota, во текот на оваа година ќе ја претстави новата, десета генерација на легендарниот модел Land Cruiser. Се работи за наследник на серијата 200 која беше претставена во 2007 година.

Како се приближува премиерата така се појавуваат се повеќе информации, а последно се појави и целосниот изглед. Истиот е целосно различен од актуеланта генерација иако формата и димензиите се задржани.

Под хаубата доаѓа со унапредениот 3,5 литарски турбо бензински V6 мотор со хибридна поддршка. Ќе биде достапен во две верзии, со 5 и 8 седишта.

Инаку овој модел е еден од најстарите во понудата на јапонскиот производител. Првата генерација е претставена уште во 1951 година, а тогаш овој теренец беше произведен за потребите на војната во Кореа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести