14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ќерката на Џулија Робертс првпат се појави на црвен килим и ги собра сите погледи

Најчитани вести

Ќерката на Џулија Робертс се појави на црвениот килим на фестивалот во Кан и го привлече вниманието.Содржината продолжува после огласот

Американската ѕвезда Џулија Роберст и снимтелот Даниел Модер познати се како еден од најскладните холивудски парови, а во брак се речиси две децении и имаат три деца.

Даниел се појави на филмскиот фестивал по повод премиера на филмот „Flag day“ на кој работеше како директор на фотографија.

Тој се појави во друштво на неговата шеснаесет годишна ќерка Хејзел.

Ова беше прво нејзино појавување на црвениот килим и привлекла огромно внимание.

Таа за ова прилика се одлучила за едноставна комбинација, соодветна за една тинејџерка. Хејзел носела кошула-фустан во жолта боја, во комбинација со лакирани црни чевли.

Интересно е да се види како изгледа Хејзел, а се чини дека таа е совршен микс од своите родители – иако во ликот повеќе наликува на својот татко, ставот и држењето на оваа русокоса девојка се точен одраз на нејзината мајка.

Инаку, Џулија се заљуби во Даниел на сетот на филмот „Тhe Mexican“ во 2000 година.

Тој тогаш бил во брак со Вера Стемберг, а Џулија била во врска со Бенџамин Брат.

Парот неодамна ја прослави својата 19 годишнина од бракот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести