9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Ќерката на Џеј започнува со музичка кариера: „Првата песна е посветена на татко ми, плачев кога ја снимав“

Најчитани вести

Марија Рамадановски, ќерката на покојниот пејач Џеј Рамадановски ќе ја исполни последната желба на пејачот и ќе започне музичка кариера како соло пејачка.

Марија ја сними и својата прва песна „Од кад ниси ту крај мене“

-Што се однесува до мојата песна „Од кад ниси ту крај мене“, тоа е мое првенче кое е посветено на мојот татко. На неа работеа Раде Ратковиќ и Александар Јовановиќ и многу сум благодарна што тие луѓе се потрудија да ми помогнат и се надевам дека нема да ги изневерам, вели Марија за телеграф.

Таа додава дека кога првпат ја слушнала песната почнала да плаче и вели дека кога Џеј би ја слушнал сигурно би му се допаднала.

-Се надевам дека публиката ќе ја препознае емоцијата која е наклонета на мојот татко. Кога ја слушнав песната имаше солзи, многу емотивна песна, се надевам дека на сите ќе ви се допадне, мислам дека би му се допаднала и мојот татко да можеше да ја слушне. Мислам дека тој ме гледа и ми дава сила ова да го надминам. Песната е во стилот на тато, боемска, спора, емотивна, има и некои негови фрази во песната, вели наследничката на Џеј.

Песната ќе биде објавена денес (06.12.2021) на годишнината од смррта на Џеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести