2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Ќерката на Трамп фатена во многу незгоден момент, сите се прашуваат што има во нејзината рака

Најчитани вести

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани Трамп, од бракот со Марла Мејплс, американска водителка и актерка, малку се опушти во Мајами, каде во моментов престојува со семејството и свршеникот.

Папараците ја фатија 27-годишната Тифани во хотел, а во моментот кога се појави на терасата, таа во раката држеше цигара и запалка.

Рачно завитканата цигара, Тифани ја изгаси во тегла, на терасата на хотелот. Бидејќи ќерката на Трамп никогаш не била видена со цигара во рака, а не е познато дека пуши тутун, странските медиуми пишуваат дека најверојатно не станува збор за тутун.

Покрај тоа, вниманието привлече и вереничкиот прстен на нејзината рака, за кој се проценува дека вреди 1,2 милиони долари.

Да потсетиме, нигерискиот мултимилионер, Мајкл Булос, ја запроси Тифани во градината на Белата куќа. Идната невеста веднаш се пофали за веридбата на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија од Белата куќа, на која се гледа огромен прстен на нејзината рака.

Интересно е и тоа што поранешниот претседател на САД своевремено изјави дека е „помалку горд“ на Тифани во споредба со останатите негови деца, како и дека тој не ѝ го честиташе роденденот од 2013 година. Тие веќе долго време не се виделе, инаку таа не се чувствува добредојдена на семејни собири. Тоа се смени минатата година, кога заедно со сите други деца на Доналд, таа одржа говор на националниот собир на републиканците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com