29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Ќерката на Том Круз станала вистинска убавица, а татка си не го гледа веќе десет години

Најчитани вести

Животот на Сури Круз без својот татко, актерот Том Круз растажи многумина бидејќи тој лесно ја отфрлил.

Таа била круна на љубовта на Том Круз и Кејти Холмс кои се венчале седум месеци по нејзиното раѓање.

Сури сега често може да се види во Њујорк на прошетки со нејзината мајка, актерката Кејти Холмс, а папараците многу често ги фаќаат со својот објектив.

Изгледаше како Сури да има живот од бајките додека растеше како дете на популарна и навидум хармонична двојка.

Меѓутоа, тогаш нејзините родители се разведоа во 2012-та година и во јавноста беше објавено дека нивниот брак е уништен од скиентолошката вера на Том на која тој потчини сè во животот.

Холмс не можела да издржи и не сакала да биде дел од контроверзниот култ, исто како што не сакала поранешната сопруга на Круз, Никол Кидман.

Веќе подолго време се шпекулира дека поради скиентологијата ги „наведувал“ децата од првиот брак со поранешната сопруга, а дека скиентологијата е причината поради која не ја видел својата втора ќерка цели 10 години.

Сури имала само шест години кога последен пат го видела својот татко, а неодамна конечно е откриено зошто тој никогаш не се борел за старателство над својата единствена биолошка ќерка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com