0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Ќерката на „Темниот витез“ порасна во вистинска убавица

Најчитани вести

Матилда Роуз Леџер е ќерка на покојниот актер Хит Леџер и актерката Мишел Вилијамс, а девојчето денес има 15 години.

Ќерката на никогаш заборавениот Хит Леџер, 15-годишната Матилда, веќе е голема девојка, а фотографите оваа седмица ја „уловиле“ како шета со својата мајка, актерката Мишел Вилијамс.

Матилда личи и на својата мајка и татко, но многу од обожавателите на Леџер тврдат дека е „копија“ на својот татко.

Нејзините баба и дедо уште претходно истакнале дека карактерно наликува на својот татко, а тоа многу ги развеселува.

„Ја има неговата енергија, неговиот карактер и неодоливо нè потсетува на него“, изјавил пред неколку години таткото на Хит, Ким.

Матилда е родена на 28 октомври 2005 година, но за жал никогаш немала можност убаво да го запознае својот татко.

Леџер починал кога таа имала само две години, а неговите пријатели откриле дека тој често го поминувал времето со своето девојче.

Со бабата и дедото девојчето е во добри односи, а за тоа сведочи фактот што наследството на Хит ѝ го препишале на девојчето.

Во еден момент во јавноста се појавила информации дека Хит ништо не ѝ оставил во наследство на својата ќерка, но факт е дека тоа не е така.

Инаку, Матилда ѝ дала и нова шанса на љубовта, така што добила и второ дете со Томас Каил за кој се венчала во тајност во март минатата година.

Да ве потсетиме, Хит почина на 22 јануари 2008 година, а неговата смрт била прогласена за несреќен случај до која дошло преку погрешна комбинација на лекови.

Леџер зад себе остави многу филмски остварувања, но за улогата за „Темниот витез“ постхумно беше награден со Оскар за улогата за Џокер, а многумина се согласни дека неговата адаптација на популарниот негативец е една од најдобрите на сите времиња.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести