Home » ЌЕРКАТА НА ОЛИВИЈА ЊУТОН ЏОН ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ: „Го губам помнењето, не можам да станам од кревет“

ЌЕРКАТА НА ОЛИВИЈА ЊУТОН ЏОН ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ: „Го губам помнењето, не можам да станам од кревет“

by Lina Muslija

Ќерката на пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, Клои Латанци, проговори за своето лошо здравје, една година по смртта на нејзината мајка.

Инаку, 37-годишната пејачка и актерка изјави дека страда од губење на меморијата откако ја загуби мајка си минатата година, додавајќи дека и самата се бори да стане од кревет.

„Не сум добро. Страдам од губење на меморијата и ми е тешко да станам од кревет. Се запоставував себеси“, објасни таа во видео на Инстаграм.

Foto: Profimedia

„Една од најголемите пораки на мајка ми беше дека треба да се грижиш за себе. Па, така, ќе ме нема околу три недели бидејќи развивам здравствени проблеми поврзани со мојот ум и тело“, рече Клои, извинувајќи им се на семејството и пријателите што не ги исполнила „некои од обврските и рече дека се надева дека ќе биде подобра откако ќе се врати од одмор“.

„Се радувам на враќањето на силата“, додаде таа, осврнувајќи се на годишниот настан на нејзината мајка „Walk for Wellness“, кој ќе се одржи по десетти пат во Мелбурн овој октомври. Целта на настанот е да се соберат средства за нејзината фондација за истражување на рак и други малигни заболувања.

Клои Латанци е единственото дете на легендарната актерка и е родена во 1986 година, за време на нејзиниот прв брак со актерот Мет Латанци.

Како потсетување, Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст во својот дом во Санта Инез, Калифорнија на 8 август минатата година, по 20-годишна борба со ракот на дојката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More