8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Ќерката на Брус Спрингстин ќе се натпреварува на Олимписките игри во Токио

Најчитани вести

Средната ќерка на легендарниот пејач се занимава со јавање уште од дете, а ова се нејзините први Олимписки игри. Со американската репрезентација таа ќе се бори за медал, а со неа ќе патува и пастувот Дон Хуан Ван де Донкхуве.

Џесика Спрингстин (29) е ќерка на пејачите Брус Спрингстин (71) и Пети Скиалфа (67). Џесика завршила психологија, а она што секогаш го истакнувала е дека не сака јавноста да ја познава исклучиво по нејзиниот татко.

Џесика започна да јава на четиригодишна возраст, а сега е рангирана на 3-то место во САД и 27-та на ранг-листата на светски јавачи.

Првото пони го добила на шестгодишна возраст, а во јавањето се за вљубила до крајот на животот.
Сега ќе се натпреварува во јавачкиот тим на скокачи заедно со уште тројца колеги и ќе се обиде да освои олимписки медал.

Нејзина најголема поддршка се родителите, кои секогаш навиваат за неа на натпревари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести