36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Ќатип Османи: Ренова во пролетниот дел влегува со посилен тим!

Најчитани вести

Ренова есенскиот дел го заврши на 9.позиција на табелата, место кое води во баражот, но секако дека амбициите на “гипсарите“ се далеку поголеми. Токму затоа раководството на клубот успеа да ангажира неколку квалитетни засилувања во овој зимски преоден рок, па така сега е на играчите и тренерот Ќатип Османи да покажат дека Ренова заслужува да биде некое место погоре на табелата.

“Мислам дека сме добро подготвени за тоа што не чека во пролетната полусезона, која стартува за два дена. Познато е дека во Македонија потешко е да се игра во пролетниот отколку во есенскиот дел, тоа е по традиција така. И нас, со оглед на местото на табелата, не чека навистина тешка пролет, но мислам дека сме подготвени за передизвикот. Да, точно е тоа дека осетно се засиливме, сега имаме здрава конкуренција во тимот и затоа велам дека во пролетниот дел влегуваме со посилен тим. Е, сега дали ќе успееме да ги оствариме нашите амбиции останува да се види. Одработивме добри подготовки, сепак мора да кажам дека си имаме проблем поради тоа што на голем дел од пријателските игравме со послаби противници, и веројатно ја немаме таа реална слика за нашиот квалитет во моментов“ вели Османи, еден од нашите најдобри и најтрофејни стратези во историјата на ПМФЛ.

Во недела Ренова е домаќин на Беласица, на “фенерџијата“. Османи предупредува дека воопшто нема да биде лесно.

“Не, никако. Зимава се случија драстични промени, мислам кон подобро, во тој клуб. Имаат нов тренер, донесоа неколку засилувања, затоа не смееме да гледаме со потценување кон Беласица. И на нив секој гол, секој бод им од екстра заначаен, затоа очекувам голема борба од нивна страна. Сепак Ренова е домаќин, играме на наш терен, лично очекувам квалитетно издание на нашите момци и се разбира добар резултат“ заврши Османи специјално за СПОРТМЕДИА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести