Home » Љубота кон Барселона му е преголема: „Ако треба ќе се вратам од пензија да го заменам Тер Штеген“

Љубота кон Барселона му е преголема: „Ако треба ќе се вратам од пензија да го заменам Тер Штеген“

by Lina Muslija

Поранешниот голман на Барселона, Чилеанецот Клаудио Браво ја докажа љубовта кон каталонскиот клуб со изјава дека е подготвен и да се врати од пензија доколку раководството на клубот сака тој да биде замената за повредениот Андре Тер Штеген.

Германскиот голман доживеа тешка повреда на натпреварот против Вилјареал и за него сезоната е завршена, а тоа претставува голем проблем за Барселона која нема адекватна замена.

„Ако Барселона ме повика, подготвен сум да се вратам од пензија и да застанам на голот“, вели Браво.

Браво кој бранеше за Барселона од 2014 до 2016 година и настапи на 70 натпревари ова лето замина во пензија на 41-годишна возраст. Последните четири години бранеше за Бетис, а претходно и за Манчестер Сити, Реал Сосиедад и Коло-коло.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk