Home » Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал со Радев во Софија, ги поддржал уставните измени

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал со Радев во Софија, ги поддржал уставните измени

by Журнал.мк

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во посета поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на барање на лидерот на ВМРО-Народна партија, јавија бугарските медиуми.

„Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Македонија треба да се води на сите нивоа и може да даде резултати кога ќе биде изграден врз заемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година, истакнал Радев на средбата во претседателската палата“, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во разговорот Радев изразил надеж дека државниот врв на Македонија ќе пристапи што поскоро кон вклучување на Бугарите во Уставот, а изразил и очекување за запирање на „јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите“ во Македонија.

Георгиевски од своја страна истакнал дека е за многу поактивен дијалог во билатералните односи и ги поддржал вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и гарантирањето на нивните права.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk