Home » Љатифи-Лорковски: Приоритети во управувањето и модернизацијата на преносната мрежа на АД МЕПСО

Љатифи-Лорковски: Приоритети во управувањето и модернизацијата на преносната мрежа на АД МЕПСО

by Журнал.мк

Во фокус на средбата помеѓу генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски беа енергетските реформи, пазарното поврзување ( маркет каплинг) на домашната берза на електрична енергија со берзите од регионот и ЕУ, воведувањето на гаранции за потекло на електричната енергија од страна на МЕМО-фирма ќерка на АД МЕПСО, како и натамошно усогласувањето на националните енергетски политики со европските стандарди. Во разговорите со Лорковски, директорот Љатифи стави особен акцент на инфраструктурните проекти во надлежност на АД МЕПСО како што се интерконекцијата со Албанија и изградбата на ТС Милетково, како важен дел од стратегијата за модернизација на преносната мрежа и интеграција на македонскиот енергетски пазар во регионалниот и европскиот пазар на електрична енергија.

Реформите во енергетиката кои се неопходни и клучни за идниот развој на секторот, продолжуваат да бидат во фокусот на напортите на двете страни. Овие активности ќе овозможат подобра предвидливост на пазарот, оптимизација на прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија како и стабилизирање на цените, рече Љатифи.

Лорковски ја потврди поддршката на Енергетската заедница за реформските процеси и активностите што ги превзема АД МЕПСО во насока на модернизација на преносната мрежа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk