21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Љупчо Николовски за борба против корупцијата ќе вработи уште 10 лица

Најчитани вести

Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски распиша оглас за вработување на 10 лица.

„Сузбивањето на корупцијата и криминалот бара максимална екипираност и посветност. За таа цел, за потребата од сериозна борба против корупцијата, денеска објавивме оглас за вработување 10 лица, кои со својата експертиза и посветеност ќе ни се приклучат во борбата против корупцијата. Идните членови на тимот, ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување.

Ги повикувам јавно, сите професионалци кои имаат желба и знаење да придонесат во борбата против корупцијата и да станат дел од историските процеси, да се пријават на овој оглас. Преку транспарентна и правична селекција одбираме тим кој со своето делување ќе придонесе во трајно градење правен систем, систем ослободен од корупција и општество во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба.

Сега е вистинскиот момент за исчекор напред. Оваа генерација има шанса да ја предводи таа предизвикувачка и комплексна борба! Создаваме држава која гарантира иднина за секој млад човек“, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.

Според огласот, Николовски бара факултетски образовани луѓе со завршени главно економски, правен, факултет за менаџмент, политички науки и информатика. Се бараат кандидати за пополнување на местата во секторот и одделенијата на секторот за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменик на генералниот секретар на Владата и министерите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести