14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Љубов после „Гранд“ – Елена Миленковска во врска со Гуте

Најчитани вести

Натпреварувачите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте, од неодамна се во врска, пишуваат медиумите. Иако двојката не ја потврди врската, тие постојано објавуваат заеднички слики на социјалните мрежи. Гуте неодамна беше во Скопје и Охрид со Елена, а бидејќи таа живее во Белград, се гледаат и таму.

Елена и Александар се запознаа за време на снимањето на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. На двајцата ментор им беше Ана Бекута, заради што тие често се дружеа и на снимањата и на пробите и на часовите кај пејачката.

Инаку, Елена уште пред да почне да се натпреварува во популарното шоу се пресели во Белград, велејќи дека сака да направи кариера во Србија. Таа претходно скоро две години беше во врска со Грк кого го запознала на летување во Грција.Текстот Љубов после „Гранд“ – Елена Миленковска во врска со Гуте е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com