Удинезе и Наполи постигнале договор за трансфер на Фернандо Љоренте, со тоа се зголемува конкуренцијата за позицијата на Несторовски кој ионака е резерва.
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Наполи и Удинезе си подале рака за трансфер на Фернандо Љоренте. Тој во наредните денови треба да се пресели во Удине.
Тоа значи дека конкуренцијата за Несторовски дополнително ќе се зголеми и неговата положба ќе стане уште потешка доколку не замине.
Се шпекулира дека неколку клубови од Серија Б се интересираат за Македонецот, пред се Бреша, СПАЛ и Монца.