17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Љајиќ од страотната сообаќајка кај Ражањ има точка во мозокот

Најчитани вести

Во српските медиуми се појавија првите фотографии од сообраќајната несреќа која утрово се случи кај Ражањ на делницата од автопатот Белград – Ниш, во која едно лице го загуби животот, а со повреди се здоби поранешниот потпретседател на српската влада Расим Љајиќ.

На местото каде се случила страотната сообраќајка има остатоци од откорната заштитна ограда – банкина од коловозот и остатоци од целосно згмечена каросерија на автомобил „шкода суперб“ . На местото на настанот се излезени полициски екипи и противпожарно возило. Во оваа страотна несреќа животот го загубил Богдан Гогиќ, претседател на ИО на СДПС, кој управувал со автомобилот.

Кај Љајиќ кој е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш по направените снимки забележана е точка на мозокот за која во овој момент докторите не можат да потврдат дали станува збор за крвен сад или е во прашање некое крварење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com