Јувентус се врати на победнички патеки во Серија А и тоа против Торино кој беше совладан на „Олимпико“ со 1-0 со погодокот на Пауло Дибала во првото полувреме.
„Волчицата“ беше под голем притисок изминативе денови по катастрофата на „Артемио Франки“ во Фиренца и поразот од 5-1, пораз кој не беше прифатен од навивачката база, имаше критики, испратени пораки, а играчите беа и исвиркани пред соочувањето со „биковите“.
– Важно беше да се вратиме по Фиренца против тежок тим. Момците направија добро. Игравме добро, добро притискавме. Ова беше предизвикувачки момент, но помина добро. Мора да ги израдуваме навивачите. Слушав и по некој аплауз. Мислам дека можеме да ја вратиме нивната доверба со вакви настапи. Ова е голема цел за тимот, -истакна тренерот Иван Јуриќ и додаде:
– Разбирливо, имаше тешки моменти по Фиренца, но сега останува да размислуваме само за играње фудбал. Мора да бидеме фокусирани на фудбалот и ништо друго. Денеска видов фокусиран тим. Не му препуштивме многу на Торино и јас сум многу задоволен.
– Не можам да бидам премногу задоволен. Можеме да направиме многу повеќе и да ја вратиме довербата на навивачите. Можеме да го направиме тоа со овие претстави со цврстина и идеи, – додаде Хрватот.