Home » Јовески: Стојам зад својата работа и не ме плашат никакви игри и закани

Јовески: Стојам зад својата работа и не ме плашат никакви игри и закани

by Журнал

Денеска беше повлечен предлогот за поранешниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд. Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ, а неговиот избор го блокираше опозицијата.

Јовески за ,,Фокус” вели дека бил убеден дека оваа работа одамна е разрешена и се изненадил кога слушнал дека е закажано продолжение за повлекување на предлогот за уставен судија.

-Работите беа јасни и затоа мислев дека е завршено, бидејки повеќе од година дена никој не се потруди да го затвори овој случај. Потсетувам дека предлогот, како и за сите други уставни судии, освен оние од Претседателот се од политички партии. Меѓутоа доколку партијата цени дека процесот не може да го доведе до крај, како во случајот со мене, чесно е да не прави штета ниту на поединци, ниту на судот. Во конкретниов случај мене како професионалец бидејќи после предлогот, бев изложен на неосновани напади, нанесена ми е штета на личноста и професионалниот интегритет. Запрепастувачки и крајно несериозно е што по бројните маратонски продолженија денешното траеше 1 минута во која претседателката без никакво образложение констатираше дека предлогот е повлечен без информација од кого и зошто, вели Јовески за ,,Фокус”.

Тој додава дека стои зад својата работа.

-Јас стојам зад својата работа и не ме плашат никакви игри и закани и институциите може слободно да ја проверат мојата работа, бидејќи тоа е задача на институциите а не на партиите. Особено сум горд што во работењето имав целосна поддршка од колегите и што бев втор обвинител кој го заврши целосно шестгодишниот мандат. Веќе се посветив на други проекти во кои е препознаено моето цело професионално искуство и знаење, посочува Јовески.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk